1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Една година по хаваријата на „Коста Конкордија“

АТ/ дпа/ дапд13 јануари 2013

Една година по хаваријата на бродот „Коста Конкордија“ преживеаните и роднините потсетија на 32 загинати. Церемонијата на италијанскиот остров Џиљо ќе заврши вечерва со минута молчење.

https://p.dw.com/p/17JCw
Фотографија: AP

Церемонијата започна со потонување на карпата, која го оштети бродот пред италијанскиот брег и предизвика негово тонење. По денешната миса на копното се презентира и споменик во чест на жртвите. Во 21 часот и 45 минути, времето кога бродот „Коста Конкордија“ заринка на карпата, планирана е минута молчење. Потоа сите бродови на малото рибарско пристаниште во Џиљо ќе ги вклучат сирените. На крајот на одбележувањето на годишнината ќе бидат запалени 32 светилки, за секоја од жртвите по една. Во несреќата пред точно една година загинаа дванаесет Германци, седум Италијанци, шест Французи и седум други луѓе.

Italien Schiffsunglück Costa Concordia bei Giglio Bergung 1 Jahr später
Бродот „Коста Конкордија“ една година по несреќатаФотографија: picture-alliance/dpa

Против капетанот на бродот Франческо Скетино и уште девет други осомничени во моментов се води судска постапка поради убиство. По несреќата особено беше критикуван капетанот Скетино. Нему му се префрлува дека ја предизвикал хаваријата со грешка при навигирањето и потоа ја одолговлекувал евакуацијата. Тој се обвинува и за тоа што го напуштил бродот пред да бидат спасени сите патници.

Остатоците од хаварисаниот брод се’уште стојат бред брегот на островот во Тоскана. Неговото отстранување трае подолго и ќе чини околу 300 милиони евра, поскапо од првичните предвидувања.