1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Една жртва во големиот пожар кај Битола

24 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BLZP

Големиот пожар што беснееше синоќа во непосредна близина на Битола е локализаран но акцијата за негово гаснење сеуште трае . Во меѓувреме е потврдено и дека едно лице загина огнената стихија . Неколку други лица пак се здобиле со изгореници или пак се жртви на труење од јаглерод диоксид . Битола утрината беше обвиена со црн густ чад кој пополека се расчистува. Од утринските чесови во гаснењето на пожарот се вклучени и неколку авиони и еден хеликоптер .Во акцијата учествуваат и околу 400 војници , локални противпожарни екипи и доброволци а на помош пристигнаа и противпожарни екипи од грчкиот град Лерин . Во посета на погодениот регион утринава е и македонскиот претседател Бранко Црвенковски . На барање на Владата , тој вчера издаде наредба за вклучување на дополнителни воени единици во гаснењето на пожарот во битолско.

Рано утрината во Битола седница одржа Кризниот штаб со која претседаваше премиерот Никола Груевски и на која беа договорени оперативни мерки и координација за гаснењето на пожарот. Во Македонија инаку во моментов беснеат 20-тина пожари од кои најкритични се оној во близина на Матка кај Скопје и оној кај Катланово .