1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Unctad Report

18 јули 2009

Според најновиот извештај на УНКТАД - Конференцијата на ОН за трговија и развој, 49 најнеразвиени земји во моментов не се во состојба да генерираат подолготраен стопански пораст и со тоа да се борат против сиромаштија.

https://p.dw.com/p/Is8u
Фотографија: picture-alliance/ dpa - Bildfunk

Најсиромашните доживеаја силен стопански пораст во периодот од 2002 до 2008 година, но тој се должеше на високите цени на суровините, потоа на развојната помош, како и на отпишувањето на долговите, анализира УНКТАД. Поради актуелната светска економска криза се’ помалку индустриски земји инвестираат во земјите во развој. Силно опаѓаат директните инвестици, а најмалку развиените земји веќе речиси и не можат да дојдат до кредити, со кои би можеле да ги финансираат инвестициите. Згора на тоа, и многумина граѓани на тие земји, кои живеат и работат во странство, им испраќаат помалку пари на семејствата во татковината.

Armut Philippinen Manila Armenspeise
Во многу земји е тешко секој ден да се добие нешто за јадењеФотографија: picture-alliance/dpa

Поголеми инвестиции во земјоделството

Африканските земји во развој се потешко погодени од кризата, отколку азиските, кои располагаат со поразгранета стопанска структура.

УНКТАД излез гледа во јакнење на јавната управа во тие земји - мора да се води борба против корупцијата и управата да биде поефикасно уредена, се вели во извештајот. Но, мора и да се води сметка со реформите да не бидат преоптоварени земјите во развој.

Во извештајот на УНКТАД се вели дека митот за саморегулирачко стопанство е затрупан од урнатините на финансиската криза и се пледира за експанзивна стопанска и финансиска политика. Тоа би значело свртување од политиката насочена кон борба против инфлацијата и кон намалување на долговите, што досега ја препорачуваше Меѓународниот монетарен фонд. УНКТАД препорачува земјите во развој позасилено да инвестираат во земјоделството, оти така би можеле да биде спречени глад и идни кризи во снабдувањето. Недоволни инвестиции, пак, би воделе кон пониски жетви во иднина, оценува УНКТАД.


Автор: Паскал Леклер/ Зоран Јордановски

Редактор: Жана Ацеска