Економската криза - главна задача
5 ноември 2008Без разлика дали идниот претседател на САД ќесе вика Барак Обама или Џон Меккејн, едно е јасно. Новиот шеф во Белата Куќа ќе мора да се соочи со сериозни финансиски проблеми. Десет билиони долари државен долг, руиниран здравствен систем, пораст на невработеноста.
Последиците ги чувствуваат сите
Финансиската криза е проблемот кој ги погодува сите американци. Од ученик, работник, до пензионер. Така на пример 63 годишната Карен Пабст вели дека стравува за нејзиното приватно пензиско осигурување. Поголем дел од своите пари таа ги вложила во акции. Актуелната ситуација на берзите, кои бележат голем пад ја погодува и нејзе.
Меѓутоа Карен Пабст не е единствената. Има и такви кои страдаат поради кризата со недвижнини во земјата, кои претходеа на турбуленциите на Вол Стрит. Еден брачен пар се жали дека куќата која неодамна ја купиле во меѓувреме поради тешката економска криза загубила многу на вредноста. Среќна околност барем е тоа што сопругата не ја загубила својата работа.
Како до финансии за повисока едукација
Стравот за работното место не ја преокупира 16 годишната Ана Мекмести, меѓутоа и таа има проблеми. Оваа млада девојка меѓутоа објаснува дека учениците и студентите исто така ги чувствуваат последиците од финансиската криза, која се одразила врз студентските кредити. Ана вели дека во секој секој случај ќе мора да бара финансиска помош доколку сака да го продолжи образованието на колеџ.
Лорен Вајнштајн, штотуку дипломиран правник смета дека поради еконосмката ситуација ќе биде соочена со тешкотии при барањето работно место. Таа е свесна дека финансиската криза влијае врз шансите да се најде добра работа, а како дополнителен проблем го наведува фактот што најголем дел од претприемачите во моментов не вработуваат.
За својата иднина стравува и 58 годишниот музича Вилијам Кејс има 58 години. Тој не е загрижен само поради своите примања, туку и за претстојните пензионерски денови. Неодамна вели дека ја загубил една од своите три работи и тоа онака, без никакви претходни најави.
Работното место, здравственото осигурување, студирањето, пензиите. На проблемите им нема крај. Меѓутоа американските граѓани во едно се единствени. Доколку новиот претседател се зафати со решавање на тешката економска ситуација, тогаш проблемите еден по друг ќе се решат.