1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Економските мудреци со критики за владата

13 ноември 2009

Советот на економски експерти во Германија денеска (13.11.09) ја објави годишната прогноза за економскиот развој. Тие предвидуваат посветли времиња, но жестоко ги критикуваат планираните економски мерки на новата влада.

https://p.dw.com/p/KW8O
Петтемина т.н економски мудрециФотографија: picture-alliance/ dpa

Петте економски мудреци, во својата прогноза за стопанскиот развој на Германија во наредната година, предвидуваат дека економскиот раст ќе изнесува 1,6 проценти, што е за 0,4 проценти повеќе од прогнозата на германската влада. Овие врвни економски експерти ја советуваат владата за клучните прашања од финансиската и економската политика. Тие, покрај тоа, предвидуваат дека невработеноста во земјата, во просек, на годишно ниво ќе се зголеми за половина милион и ќе изнесува 4 милиони.

Државен дефицит од 5,1 насто

Државниот дефицит на Германија, според проценката на експертите, во наредната година ќе се искачи на 5,1 процент од брутодомашниот производ, што е далеку над горната граница што ја дозволува Пактот за финансиска стабилност на земјите членки на еврозоната.

Die Wirtschaftsweisen legen ihren Jahresbericht vor
Годишниот извештај сега е во владатаФотографија: AP

Со оглед на ваквата буџетска дупка, петтемина економски мудреци жестоко ги критикуваат плановите на новата германска владина коалиција за намалување на даноците. Даночни олеснувања кои не се финансираат од други извори не соодветствуваат на сериозна финансиска политика, велат експертите.

Како владата ќе ги намали долговите?

Според нив, само економскиот раст не ги решава проблемите и затоа во 2011 година мора стриктно да се штеди. Тие, покрај тоа, критикуваат дека во договорот за новата владина коалиција меѓу демохристијаните и либералите останало целосно отворено прашањето како владата ќе ги намали долговите кои драстично нараснаа во борбата против финансиската криза.

Наместо консеквентна стратегија за консолидација, во договорот има само најави, се вели во извештајот на петте мудреци.

Автор:СН/БГ/дпа/ртре

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска