1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Експертски дијалог Белград- Приштина во Виена

28 септември 2004

Централна тема на средбата меѓу претставници на властите во Белград и на привремените косовски институции , ќе биде планираната децентрализација на власта во покраината.

https://p.dw.com/p/AcKs

Претставниците српските власти и на привремените институции во Приштина за време на состанокот ќе се запознаат со трите плана за децентрализација на власта во Косово. Организаторот на разговорите , претставниците на Американската канцеларија во Приштина предвидоа презентација на плановите за рефома на локалната самоуправа кои ги изработија Советот на Европа, потоа Владата на Србија и УНМИК и привремените косовски власти .

На средбата во Виена нема да бидат донесени никакви одлуки , туку учесниците само ќе бидат запознаени со содржината на трите споменати планови.

Српската делегација ја предводи советникот на премиерот на Србија , Слободан Самарџиќ , додека на чело на косовската делагација е Енвер Хасани , шеф на канцеларијата за меѓународна соработка во кабинетот на косовскиот премиер .

Во делегацијата на Косово , ќе има претставник и на ксоовските Срби . Тоа ќе биде Милорад Тодоровиќ, министер координатор за враќањето на раселените во владата на Косово. Делегацијата од Приштина ќе брои и двајца претставници на УНМИК, а не средбата во Виена , ќе бидат присутни и претсавници на Советот на Европа како и на Контакт групата за Косово.

Од другастрана пак официјална Приштина ги завршува подготовките за парламентарните избори кои треба да се одржат на 23 октомври . Така косовското Собрание вчера ја одржа последната седница во овој состав , со усвојување на девет нови закони , меѓу кој и законот за финансирање на политичките партии.

Иако ова беше последна седница косовскиот парламент не беше распуштен и така ќе остане се од изборите , со цел да може да се состане во случај на некоја вонредна ситуација на Косово

Претставниците на трите најголеми партии на Албанците ја оценија тригодишната работа на парламентот како релативно успешна.

И напоследната седница како и на сите други во последниве девет месеци, не присуствуваа српските пратеници , кои ја бојкотираат работата на Собранието , незадоволни од положбата на српската заедница на Косово.