1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Експлозии во Могадишу

ЕМФ/дв/миа2 јануари 2014

Во три експлозии пред еден хотел во близина на сомалискиот главен град Могадишу загинаа најмалку 11 лица, а повредени се 17-мина.

https://p.dw.com/p/1AkE4
Фотографија: Reuters

Третиот напад, според наводи на очевидци, бил извршен со автомобил бомба. По втората детонација сомалиските безбедносни сили имале жестока престрелка со непознати напаѓачи. Според локалните безбедносни сили, повеќето од жртвите се војници, но меѓу загинатите има и „претставници на властите“.

Најголем број загинати има при втората експлозија, која се случила во моментот додека војници им помагале на настраданите во првиот напад пред хотелот „Џазира“, кој се наоѓа во близина на комплекс на ОН и во кој многу често престојуваат странци и владини функционери.

Одговорност за нападите презеде исламистичката група Ал Шабаб. „Ова е наш прв напад, но не и последен. Ги предупредуваме жителите на Могадишу да не одат на места каде што се собираат неверници и во објекти на т.н. сомалиска влада“, се наведува во соопштението на екстремистите, кои потсетуваат дека предупредиле да не се прославува Нова Година.

Ал Шабаб пред неколку години го контролираше Могадишу, но во август 2011 година нејзините борци беа протерани од градот. Иако безбедносната состојба во Могадишу е подобрена, екстремистите често извршуваат терористички напади во градот.