1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Експлозија во Анталија

29 март 2007
https://p.dw.com/p/AgJA

Едно лице загина, а најмалку десет туристи се повредени кога голем резервоар со нафта утринава експлодираше во хотел во Анталија. Според турскиот огранок на Си Ен Ен, експлозијата се случила во турскиот град Белек во хотел со пет ѕвезди. Се уште не се познати причините за несреќата, но може да се работи за техничка грешка. Резервоарот со нафта бил заменет пред неколку дена.