1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Експлозија во Приштина

24 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BiqY

Претседателот на Косово Фатмир Сејдиу го осуди бомбашкиот напад во Приштина во кој утрината загинаа 2 а повредени беа 12 лица . Според Сејдиу ваквите криминални дека се целосно неприфатливи и создаваат несигурност и ја доведуваат во опасност стабилноста на земјата. Портпаролот на косовската влада Авни Алиу претходно истакна дека нападот не е поврзан си преговорите за конечниот статус на Косово.

Полицијата потврди дека експлозијата одекнала нешто по два часот по полноќ, во деловниот дел на градот каде имало отворени ресторани и кафулиња. Портпарол на полицијата соопшти дека неколку лица се приведени на разговор.