1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Експлозија во рудник во Русија

ЕМФ/ап/шпигел11 февруари 2013

Во рудник во северниот дел на Русија се случи тешка несреќа - во експлозија загинаа повеќе луѓе. Рудникот се наоѓа во регионот Коми.

https://p.dw.com/p/17bug
Фотографија: DW/Khan

Руското Министерство за заштита од катастрофи во Москва соопшти дека гасот во рудникот „Воркутинскаја“ се запалил од засега непознати причини. Се‘ уште не е утврден точниот број загинати рудари. Засега се знае дека животот го загубиле најмалку десетмина, а судбината на уште седуммина рудари е непозната. Во потрагата по изчезнатите учествуваат околу 300 спасувачи. Спасени се две лица, а четворица рудари успеале самите да се извлечат од јамата, соопштија руските власти, а пренесува агенцијата Интерфакс.

Рудникот е во сопственост на групата Северстал, еден од најголемиот производители на челик во Русија. Во рудниците на подрачјето на поранешниот Советски сојуз постојано се случуваат тешки ескплозии поради недоволни безбедносни мерки. Само во јануари, во два одделни инциденти во руски рудници, животот го загубија девет лица.