1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Експлозија на бомба во Тел Авив

11 јули 2004

При експлозија во близина на една автобуска станица во Тел Авив утрово погина една жена а повеќе од 20 лица се повредени, соопшти израелската полиција.

https://p.dw.com/p/AcMQ
Тел Авив
Тел АвивФотографија: AP

Експлозивот бил поставен на работ на една улица а бил активиран кога во близина застанал автобус, рече шефот на полицијата во Тел Авив, Јоси Седбон за армиското радио.

Нападот се случува по повеќемсечен мир во Израел и само два дена по објавувањето на извештајот на меѓународниот суд во Ден Хааг, според кој израеслкиот ѕид кон Западниот брег се смета за илегален, бидеќи е спротивен на меѓународните права. Според изралски извори ѕидот се гради заради заштита од палестински напади. Одлуката на судот Израел нема да ја признае. Израелскиот премиер Ариел Шарон жестоко го критикуваше извештајот на меѓуинародниот суд во Ден Хааг. Според него тој е удар в лице на светската борба против тероризмот. Шарон даде изјава и кратко по бомбшкиот напад утрово. Според него овој убиствен напад е првиот резултат од одлуката на меѓународниот суд. Тој уште еднаш нагласи дека држават Израел целосно ја одбива одлуката на меѓународниот суд. Зборуваме за еднострана одлука врз основа на политички размислувања – рече Шарон.

Генералниот секретар на Обединтети Нации Кофи Анан пак побара од Израел, да го почитува извештајот на меѓународниот суд во Ден Хааг. Секој го респектира правото и обврската на израелската влада да ги штити своите граѓани но секое делување мора да биде во согласност со меѓународното право. Израел мора да внимава и на меѓународните права на Палестинците истакна Анан.