1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Екстремистите праќаат пораки

28 октомври 2009

Два напади со најмалку стотина жртви-во Кабул талибански борци нападнаа куќа на ОН и во тричасовна престрелка беа убиени шестмина соработници на светската организација. Во експлозија во Пешавар - десетици цивилни жртви.

https://p.dw.com/p/KHfZ
По нападот во ПешаварФотографија: picture-alliance/dpa

Објектот на ОН во Кабул го нападнале истовремено повеќе лица. Портпарол на ОН изјави дека меѓу жртвите има повеќе соработници на светската организација: „Она што го знаеме досега е дека рано изутрина беше нападната куќа, која беше наменета за соработници на ОН. Во зградата влегле вооружени лица, по што голем број лица почнале да бегаат од објектот.“

Она што следувало е тричасовна жестока престрелка со безбедносните сили. Загинале шестмина соработници на ОН. Во меѓувреме, полицијата повторно ја има ситуацијата под контрола. Дали нападот има врска со ангажманот на ОН во Авганистан, како што изјави портпаролот на светската организација, е се‘ уште рано да се каже: „За тоа е се‘ уште рано. Ние сме во земјата над 40 години и со намера сме да останеме овде. Авганистанците сакаат да сме овде, особено во ова време на одлуки.“

UN-Gästehaus von taliban gestürmt Flash-Galerie
Во нападот на талибанците врз куќата на ОН загинаа шестмина соработници на светската организацијаФотографија: AP

Одговорноста за нападот брзо ја презедоа талибанците

Портпарол на екстремистите изјави дека е тоа почеток на серија напади. Целта на талибанците е да сеат страв меѓу населението за што помал број избирачи да излезат на гласање и на тој начин - изборите да се претворат во фарса. Освен тоа, целта на нападите е и да се предизвика скепса меѓу политичарите и армијата околу новите концепти за стабилизирање на регионот и дали тие воопшто би довеле до успех. Покрај нападот врз куќата на ОН, во Кабул денеска беа испукани и ракети врз силно обезбедуваниот луксузен хотел „Серена“, кој е во близина на претседателската палата. Жртви нема.

Својата цел талибанците ја избрале внимателно, зашто во Кабул се наоѓаат околу 2000 соработници на ОН, од кои голем дел имаат задача да се грижат за мирен тек на изборите.

Огромен број жртви во Пешавар

Во Пакистан, пак, во градот Пешавар, денеска исто така се случи напад, но со огромен број цивилни жртви. Во експлозија на автомобил-бомба на еден оа пазарите во градот, има повеќе од 80 загинати, меѓу кои голем број жени и деца. Се стравува дека бројот на жртвите ќе биде значително поголем, со оглед на тоа што многу луѓе се под урнатините на објектите што се наоѓале на пазарот. Иако досега никој преземал одговорност за нападот, тој им се припишува на талибанците, или на терористичката мрежа Ал Каеда. Се претпоставува дека е тоа одмазднички акт поради офанзивата на пакистанската армија против упориштето на талибанците, регионот Јужен Вазиристан. Веројатно не е случајност и тајмингот на нападот - непосредно по доаѓањето во Пакистан на американската министерка за надворешни работи, Хилари Клинтон, која е досега највисок претставник на владата на Обама што го посетил Пакистан.

Mindestens 50 Tote bei Anschlag in Peshawar
Се стравува дека бројот на жртвите во Пешавар ќе се зголемуваФотографија: picture-alliance/dpa

„Ова е критичен момент и САД сакаат вртење на страницата кон ново партнерство, не само со владата, туку и со народот на демократски Пакистан. Се надеваме дека ќе изградиме силно партнерство засновано врз заемно почитување и заемна одговорност“, изјави Клинтон во Исламабад.

Автор: ЕМФ/БГ/Б.М.Боровска/афп/дв

Редактор: Жана Ацеска