1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Елцин беше храбар човек

24 април 2007

Борис Елцин е мртов.Поранешниот руски претседател вчера почина ненадејно на 76 години.Коментира Миодраг Сорич

https://p.dw.com/p/Adrn
Фотографија: AP Graphics

.Тој беше храбар човек:Борис Николаевич Елцин. Застана на патот на последните комунистички пучисти кои сакааа да го вратат назад политичкиот часовник.Стоејќи на тенк пред. Белата куќа во Москва,тој го раководеше бунтот,ризикувајќи го и својот живот.Се погрижи за мирно распаѓање на тоталитарниот Советски сојуз.Со тоа беа поставени основите за демократски развој на поранешните советски републики.

Германија има особено многу да му заблагодари на Елцин:тој како прв демократски избран претседател ги повлече дома трупите на својата земја од повторно обединетата Германија.

Германците го сакаа,како и мнозинството Европејци. Западот,а пред се поранешниот канцелар Хелмут Кол го поддржуваа Елцин во тешката задача на преструктуирање на социјалистичкото стопанство:на Русија и беа одобрени кредити со милијарди.Елцин владееше со држава без државни приходи.Но,не сите стопански проблеми на најголемата по површина земја во светот можеа да бидат решени со банкноти.

Мочуриштата на корупцијата во Кремљ беа наводнувани од запад.На крај,Елцин немаше секогаш среќна рака при изборот на своите министри и советници.Така некои од нив на руската економија и нанесоа штета од повеќе милијарди.Но,можеби разбирливо,зашто процесот на премин од планско во пазарно стопанство се одвиваше без пример.Наивно би било да се верува дека другите политичари не направиле никакви грешки.

Имиџот на Русија за време на Елцин беше добар,многу подобар од сегашниот.Тој ги протера луѓето на КГБ од телевизијата и редакциите на весниците.Руските медиуми беа слободни.Тие ги информираа луѓето во Русија за она што с еслучуваше во земјата.Денеска нивната задача е пред се во тоа да му аплаудираат на шефот на Кремљ.

Моралниот углед на Елцин меѓутоа со време претрпе штети:во октомври 1993 година тој настапи со сила против Парламентот, кој сакаше да ја ограничи неговата моќ.Носеше погрешни одлуки ,влезе во првата војна против Чеченија.Делови од неговото семејство се однесуваа недолично.Елцин сигурно не беше добар администратор.

.Противречностите меѓу законите во регионите и оние од централната влада се погрижија големата земја да биде речиси неуправувана.

Но,и покрај сите негови грешки,Елцин ќе влезе во историјата како човек со совест во време во кое немаше совест.Како некој кој мораше да ја изгради демократијата и пазарното стопанство без да може да се потпре на докажани демократи и искусни пазарни стопанственици.Како успеа во сето тоа:Борис Елцин беше храбар човек.