1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Енигма околу новиот предлог на Нимиц

Александар Чомовски8 октомври 2005

Посредникот во грчко - македонскиот спор синоќа во Њујорк на владите во Скопје и Атина им предложил нова формула за надминување на спорот околу името.

https://p.dw.com/p/AcCB
Македонскиот претседател Бранко Црвенковски
Македонскиот претседател Бранко ЦрвенковскиФотографија: AP

За новата формула денеска расправал државно владиниот врв, а утре на вонредна седница владата на Македонија со присуство на претседателот Црвенковски ќе го разгледува предлогот на Метју Нимиц. Шефот на државата Бранко Црвенковски во денешното обраќање до јавноста не го соопшти предлогот, што посредникот на ОН синоќа во Њујорк им го предал на амбасадорите на Македонија и Грција. Извори од неговиот кабинет за Дојче Веле неофицијално велат дека уставното име на Македонија ќе биде зачувано преку така наречена модификација на двојната формула. Ниту еден друг извор ниту ја потврдува ниту ја демантира оваа информација. Македонскиот претсетдал Бранко Црвенковски ќе свика лидерски самит, а не се исклучува наредните денови да биде свикана и вонредна седница на македонскиот Парламент.