1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Епл е највредна светска компанија

БГ/афп21 август 2012

Американскиот електронски гигант го надмина рекордот кој досега го држеше конкурентот Мајкрософт и стана највредна компанија во историјата на берзата.

https://p.dw.com/p/15tR7
Фотографија: dapd

Американската компанија Епл-Apple Inc. достигна вредност од 623 милијарди долари, со што стана највредната компанија во историјата на берзата. Епл на тој начин го надмина и рекордот на конкурентот Мајкрософт од декември 1999. година, кога оваа компанија вредеше околу 620 милијарди долари. Вредноста на Мајкрософт денес изнесува 257 милијарди долари, а втора на листата, веднаш зад Епл, е мултинационалната нафтена компанија Ексон, која вреди речиси половина од Епл.

Од почетокот на годинава акциите на Епл пораснаа за речиси 60 проценти. Акциите бележеа раст и последниве недели, по најавите дека наскоро на пазарот ќе се појави новиот модел на смартфонот „Ајфон 5“, како и нова верзија на таблетот „Ајпед“.

Епл е највредна светска компанија уште од крајот на 2011. година.