1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ербас го испорачува првиот А380

15 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Bqz7

Европскиот авиопроизводител Ербас денеска во Тулуз ќе го испорача првиот гигантски авион од типот А 380. Го добива азиската компанија Сингапур Ерлајнс. Поради проблеми во изградбата на двокатниот авион, испораките доцнат година и пол. Заради тоа компанијата претрпе огромни загуби, а беа укинати 10 000 работни места. Засега најголемиот патнички авион во светот за десет дена треба да го има првиот комерцијален лет меѓу Сингапур и Сиднеј.