1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ербас – Франкфурт

17 март 2007
https://p.dw.com/p/AgNK

Најголемиот патнички авион на светот ербас А380 денеска долета на аеродромот во Франкфурт од каде во наредните денови ќе изврши повеќе пробни летови. В понеделеник авионот со сериски број 007 ќе лета за Њујорк со 500 патници, а планирани се и други пробни летови за Хонгконг и Вашингтон. Европскиот авио концерн Ербас и германската авио компанија Луфтханза со овие пробни летови сакаат да видат како се однесува леталото во реални услови.