1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ердоган во Москва

11 јануари 2005

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган од вчера е во тродневна официјална посета на Русија. Тема на разговори со неговиот домаќин, рускиот престедател Владимир Путин се турско руските билатерални односи.

https://p.dw.com/p/AcIG

Рускиот претседател Путин пред средбата со Ердоган изјави дека освен меѓусебните односи, во фокусот на разговорите ќе бидат и меѓународните прашања кои се важни за двете држави. Една од темите е и поддршката на чеченските бунотвници која стигнува од Турција. Москва бара од Анкара да ја засили контролата над хуманитарните организации за кои тврди дека ги финансираат и вооружуваат чеченските бунтовници. Исто така, според Кремљ, многу турци се бореле на чеченска страна.

За Русија е инстересна и турската кандидатура за влез во Европската Унија, бидејќи е осетлива на можноста да биде економски изолирана со експанзијата на Европската унија на исток.

Меѓусебната трговија на Русија и Турција во првата половина од минатата година изнесувала 4, 6 милијарди долари. Ердоган изјави дека тој износ би можел да достигне 15 миолијарди долари. За време на посетата на Русијатој ќе се сретне со претставници на деловниот свет и ќе присустува на отварањето на турски трговски центар во Москва.