1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ердоган се предрибла самиот себе во Давос

Коментар на Баха Гингер30 јануари 2009

Револтираното заминување од Давос му донесе големи поени на турскиот премиер Ердоган во домашната јавност. Но, затоа веројатно ја прокоцка шансата да се појавува како посредник во мировните преговори на Блискиот исток.

https://p.dw.com/p/GjyY
Ќе зажали за овој чекор? Ердоган заминува од подиумската дискусија во ДавосФотографија: picture-alliance/ dpa

Гневното заминување на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган од Светскиот економски форум во Давос ќе има далекусежни последици. Прво, затоа што на подиумот покрај него седеа угледни личности како генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун и генералниот секретар на Арапската лига, Амр Муса. Второ, темата беше таква што привлече големо вимание на Форумот, стануваше имено збор за најновата војна во Појасот Газа. Ердоган во последно време стекна голем углед во светот преку успешното посредување меѓу Израел и Сирија. Неговата земја од 1952 година е членка на НАТО и се смета за важен мост меѓу исламскиот свет и Западот.

Смислена провокација на модераторот?

Главната одговорност за инцидентот паѓа на модераторот на дискусијата, колумнистот на американскиот угледен весник „Вашингтон пост“, Дејвид Игнациус. Тој на израелскиот претседател Шимон Перес, кој исто така беше учесник на дебатата, му даде 25 минути за аргументирање, додека Ердоган и генералниот секретар на Арапската лига Амр Муса имаа само по 12. Перес ја искористи приликата и горливо ја бранеше операцијата на израелската војска во Појасот Газа, која меѓународната јавноста ја критикуваше за прекумерна употреба на сила, за голем број цивилни жртви и напади врз претставништвата на меѓународните организации во Газа, вклучувајќи и зданија на ОН. Перес, згора на сето уште дополнително го прозва Ердоган со прашањето: што би сторил тој кога ракети би паѓале врз Истанбул. Кога Ердоган се обиде да одговори на провокативното прашање на израелскиот претседател, модераторот сакаше да му го одземе зборот поради истекот на времето за дискусија, на што зовре крвта на турскиот премиер. Колку и да е принципиелно оправдана неговата реакција, сепак интонацијата беше погрешна.

Erdogan in Davos
Ердоган (лево) аргументира за време на дискусијатаФотографија: AP

Политички автогол на Ердоган

Преку вербалниот конфликт со модераторот на дискусијата и со израелскиот претседател, како и најавата дека нема повеќе да дојде во Давос, Ердоган се доведе себе си во офсајд-позиција како сериозен посредник за Блискиот исток. Сигурно дека дел од реакцијата во Давос се должи и на гневот на турскиот премиер бидејќи неговиот израелски колега Ехуд Олмерт го излажа в очи при посетата на Анкара - еден ден пред почетокот на офанзивата во Појасот Газа. На изричното прашање на домаќинот, Олмерт изјави дека воена операција нема да има!

Erdogans Anhänger schwenken Fahnen in Istanbul nach seiner Rückkehr aus Davos
Ердоган стана национален херој: спонтани демонстрации на неговите приврзаници во знак на поддршка по враќањето на премиерот од ДавосФотографија: AP

Покрај се’, Ердоган мораше во оваа ситуација да се однесува како дипломат и државник од светски калибар. Тој е претседател на влада на земја, која е многу важен и доверлив сојузник на Западот. Со манирите на центарфор во локален фудбалски клуб (што Еродган навистина и беше пред многу години) тој не може на светската политичка сцена да се профилира како посредник за мир во кризниот регион на Блискиот исток. Сите негови обиди отпосле да го увери светот во пријателскиот став кон израелскиот народ нема да ја намалат причинетата штета за угледот на неговата земја.