1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Естонија – Русија

30 април 2007
https://p.dw.com/p/Ag8t

По безредијата околу советскиот споменик во Талин, рускиот парламент побара оставка на актуелната влада во Естонија. Владата ја провоцираше кризата и не беше во состојба да спречи немири, изјави претседателот на комисијата за прашања на ветераните, Николај Коваљов. Судирот околу споменикот со месеци ги оптоварува односите меѓу двете земји. Русија се смета себеси за ослободител на Естонија од власта на нацистите. За Естонците,пак, споменикот за советските војници е симбол на почетокот на нова окупација.