1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕТА – атентат неуспешен

10 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BeNj

На баскиската сепаратистичка организација ЕТА не и‘ појде од рака да активира експлозивна направа во градот Логроно, на северот од Шпанија. Според полициски извори, откажала запалката на бомбата со 80 кг експлозив. Таа била подметната пред зградата на Министерството за одбрана во Логроно. ЕТА претходно се закани со нови напади ширум Шпанија, нагласувајќи дека мировниот процес што го почнала владата не носи никакво политичко решение.