1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Венизелос доаѓа во Македонија

СН/ат/миа11 февруари 2014

Грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос од следниот понеделник ќе замине во тридневна посета на земјите од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, најавува грчкиот весник „Етнос“.

https://p.dw.com/p/1B6cA
Фотографија: Reuters

Македонската новинска агенција МИА ги пренесува пишувањата на „Етнос“ според кои шефот на грчката дипломатија Венизелос во улога на претседавач со Советот на министри за надворешни работи на ЕУ ќе ги посети Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, „додека со посебен интерес се очекува неговата посета“ на Македонија.

„Ова е првпат Венизелос да го посети Скопје како министер за надворешни работи, и покрај европската перспектива на соседната земја, очигледно е дека разговорите во Македонија ќе бидат фокусирани и на горливото прашање за името кое е во неизвесност“, наведува „Етнос“.

И провладиниот „Катимерини“, пред неколку дена напиша коментар за претстојната посета на шефот на грчката диломатија на регионот, при што нагласи дека „тој брза да го убеди (Западниот) Балкан, оти и покрај економската криза изгледите за проширување сѐ уште се живи, иако ова прашање не е меѓу приоритетите на грчкото претседателство“.

„Вратите остануваат отворени за сите. Тие, сепак, пред сѐ, треба да ги исполнат неопходните критериуми. Не постои друг начин“, заклучи „Катимерини“, најавувајќи дека Венизелос при посетата на земјите од регионот нема да каже ништо ново.