1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ – Арапска лига

15 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag4E

Арапската лига го критикуваше односот на Европската унија кон палестинската влада. Генералниот сектретар на лигата, Амр Муса, по средбата на оваа организација со министрите за надворешни работи на Унијата во Брисел, изјави дека одбивањето на Европејците да разговараат со радикалниот Хамас е неосновано.

Наспроти тоа, шефот на европската дипломатија Хавиер Солана изјави дека таквиот курс на Унијата е исправен. Хамас се наоѓа на европската листа на терористички организации. Претседавачот на Унијата, германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер по средбата изјави дека Европската унија го поддржува мировниот план за Блискиот исток што го поднесе Арапската лига во 2002 година и го потврди уште еднаш во март на средбата во Мека. Планот му нуди на Израел нормални односи во замена за повлекување од сите територии окупирани во 1967 година.