1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ-АСЕАН

30 мај 2007
https://p.dw.com/p/Anti

Една недела пред самитот на Г-8 во Хајлигендам, германските напори за спречување на климатските промени на светско ниво, доживеаја неуспех. Министрите за надворешни работи на 27-те држави на Европската унија и 16 држави на Азија, на средбата во Хамбург, поради тврдиот став на Кина и Индија, не постигнаа согласност за конкретни цели за заштита на климата. Учесниците на средбата единствено се договорија до 2009 година да се подготви нов договор што ќе го замени протколот од Кјото чија важност истекува во 2012 година.