1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ бара од Македонија избори според демократски стандарди

16 јуни 2006

На вториот ден од ЕУ самитот покрај внатрешните проблеми на Унијата се расправа и за Западниот Балкан.

https://p.dw.com/p/Ac5l
ЕУ Самит
ЕУ СамитФотографија: AP

„ЕУ ги повикува сите страни во Македонија да направат се за спроведување на параламентарни изброи според демократски стандарди“,стои во предлог декларацијата за Западен Балкан која денеска треба да биде усвоена на самитот на шефови и влади на ЕУ во Брисел. Главен акцент во овој документ е Србија за која се наведува дека “ЕУ сака целосна интеграција на мирољубива и наоредна Србија“ во семејството на европските нации, нагласувајќи дека е тоа од клучна важност за стабилноста на регионот. Исто така се наведува и дека ЕУ и нејзините земји членки ќе развиваат соработка со Црна Гора како суверена држава.

„Европската перспектива за Балканот не е празно ветување туку е нешто опипливо и вистинско“, изјави синоќа Австриската министерка за надворешни работи, Урсула Пласник, појаснувајќи дека Унијата со преземените чекори на почетокот на неделава во Луксембург тоа и јасно го покажала. Доказ за ова е договорот за членство на Хрватска, договорот за стабилизација со Албанија и давањето политички сигнал за Црна Гора, со кој на сите земји од Унијата им е дадено зелено светло за билатерално признавање на таа земја,рече Пласник. Нејзините изјави следеа по средбата на шефовите на дипломатии на Унијата, кои синоќа се договорија и за помош за Србија со низа позитивни мерки, но услов е соработката со Хаг.

„За мене беше важно, бидејќи Балканот е една од нашите приоритете на нашето ЕУ претседателство со колегите да разговарам и за ситуацијата во Србија. Србија е клучен партнер за стабилноста и безбедноста во регионот. Мене дури и ми е жал за секој ден кој Србија го пропушта на патот кон ЕУ. Знаете дека има услови кои треба да се исполнат,а тоа секако е целосна соработка со Хашкиот трибунал. Српските власти треба да го изведат тоа. Но, од друга страна ние сакаме да му дадеме јасен сигнал на српскиот народ и властите дека ЕУ е партнер од доверба“, изјави Пласник.

Предлог на еврокомесарот за проширување, Оли Рен, е Србија да подготви акционен план за постигнување целосна соработка со Хашкиот трибунал, а ЕУ тоа да го поддржува и следи со ад-хок тело во кое би имало претставници на Унијата, на високиот претставник Хавиер Солана и на Европската комисија. Рен смета дека обврската за соработка со Хаг е одговорност на Србија, но важно е и да и се помогне. Со посилната економска и трговска соработка важно е да се засилат и меѓучовечките односи, а во тој дел значајно е прашањето на визното олеснување, предочил Рен.