1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ бара поддршка за Брахими во Советот за безбедност

СН/БГ/ртр/миа18 август 2012

Меѓународната заедница го поздрави назначувањето на Алжирецот, Лахдар Брахими за специјален пратеник на ОН и Арапската лига за Сирија. Неговата задача ќе биде еднакво тешка како за неговиот претходник Кофи Анан.

https://p.dw.com/p/15sKa
Фотографија: Reuters

Шефоцата на европската дипломатија Кетрин Ештон побара на новиот пратеник на ОН и на Арапската лига за Сирија , Лахдар Брахими да му биде пружена силна и обединета поддршка во Советот за безбедност на ОН. Брахими истовремено предупреди од преголеми очекувања во неговата мисија. Поранешниот алжирски министер за надворешни работи воздржано одговори на прашањето: же му појде ли од рака да дојде до решение на сирискиот конфликт?. Тој истакна деке не е сигурен дали би можел да го постигне тоа, но оти ќе стори се што е можно да му биде ставен крај на насилството во таа земја. Поддршка на Брахими му изразија САД, Германија и други западни земји. Од Русија беше истакнато дека Брахими ќе биде усшешен само доколку дојде до прекин на огнот во Сирија и беше порачано дека од Брахими се очекува да продолжи со настојувањата за имплементирање на мировниот план на неговиот претходник Кофи Анан. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров од Западот побара да изврши притисок врз сириската опозиција. Западот пак ја обвинува Рурсија дека го снабдува режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад со оружје. Лавров истакна дека Русија ги поќитува тековните договори но оти нема да склучува нови договори за испорака на оружје.

И Кина денеска изрази задоволство од именувањето на алжирскиот дипломат Лахдар Брахими на должноста нов специјален посредник за Сирија на Обединетите нации и Арапската лига и вети поддршка и соработка во текот на неговата мисија.
Кина наследникот на меѓународниот посредник Кофи Анан, го смета за човек со
богато дипломатско искуство и релевантен за оваа должност.
Пекинг се надева дека Брахими ќе работи на „постигнувањето мирно, праведно и соодветно решение, како и на прекин на огнот од исти страни штом тоа ќе биде
можно“