1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

ЕУ воведе казнени мерки против Иран

СН/ агенции
9 јануари 2019

Европската унија ја обвинува тајната служба на Исламската република дека е вмешана во атентати врз противници на режимот, извршени во Франција, Данска и Холандија.

https://p.dw.com/p/3BEGV
Flagge EU Iran
Фотографија: Getty Images/AFP/E. Dunand

Европска унија воведе санкции против иранската разузнувачка служба и две официјални ирански лица кои се обвинети дека се вмешани во серија убиства и заговори насочени против дисиденти во Холандија, Данска и во Франција.

Одлуката беше едногласно донесена од сите земји членки на ЕУ. Одлуката е донесена во момент кога Хаг денеска за првпат го обвини Техеран за вмешаност во убиствата на двајца дисиденти на холандска територија во 2015 и 2017 година, поради што се протерани двајца ирански дипломати.

Европски санкции се воведени против Управата за внатрешна безбедност на иранската разузнавачка служба и на две официјални лица од тоа одdеление, вклучувајќи го Саеид Хашеми Могадам, соопшти данското министерство за надворешни работи.

Според санкциите, имотот на оваа управа и на овие луѓе е замрзнат.

Symbolbild | Geheimdienst
Фотографија: imago/Steinach

Врз основа на информациите на разузнувачките служби од повеќе европски земји ЕУ процени дека веројатно Иран е вмешан во убиствата и во заговорот планиран и спроведен на територија на Европа.

Холандската влада јавно го обвини Иран за планирање, како и за два изведени атентата во 2015 и 2017 година во писмо до парламентот на кој му се заканува со дополнителни економски санкции ако Иран не соработува со европските истражители, пренесува радио Слободна Европа. Иран негираше каква било врска со атентатите, наведувајќи оти цел на обвинувањата е да им се наштети на европско-иранските односи.