1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ во борба против онлајн криминалот

Кристоф Хаселбах/ Симе Недевски31 март 2012

Посебни европски истражители во иднина ќе треба да се борат против злоупотребата на кредитни картички, хакерски напади и ширење детска порнографија во интернет.

https://p.dw.com/p/14Vko
Фотографија: Fotolia/Jamiga

Кој нив се’ уште не ги знае! Толку сомнителни мејлови пристигнуваат на нашите адреси, кои не‘ повикуваат само да го предадеме бројот на нашата банковна сметка за да освоиме милон евра или оние во кои некој толку вистински сака да ни помогне да стигнеме до наследство или пак да не‘ ослободат од данок. Европската комесарка Сесилија Малмстром смета дека со тоа секојдневно се штити секој не отварајќи ги таквите мејлови. Но, не приметува опасност, кажува Малстром.

„Напредокот на криминалот на интернет не е толку воочлив, но тој продира во нашите компјутери, банковни сметки и финасиски трансакции. Интернет криминалците се се подобри кога станува збор за злоупотреба на кредитните картички или крадењето на идентитетот. Тие ги пресретнуваат нашите шифри и лозинки за онлајн банкарство, хакерски ги напаѓаат нашите смартфони и профилите на социјалните мрежи.“

Најголемата штета е стравот

Европската комесарка зборува за тоа во броеви. Повеќе од милон луѓе дневно се жртви на хакерски напади, а годишната штета надминува 300 милијарди евра, зборува Малстром. На црниот пазар податоците на кредитните картички се продаваат по цена од 1 евро од картичка, а најлоша од се‘ е несигурноста, кажува Малстром.

Europol Hauptquartier Neues Gebäude
Фотографија: picture-alliance/dpa

„Најголемата штета која ја предизвикува криминалот на интернет е ширењето на став, страв од онлајн купување, од придружување на социјални мрежи, страв од најнормалното користење на интернет, односно да не смееме да бидеме слободни толку колку што би сакале да бидеме.“

Тешко е да се замисли Еурополовото „не“

Токму поради неверувањето, онлајн трговијата има многу мал удел во вкупната трговија во Европа. Поради таквите губитоци, одделни државни членки на ЕУ се обидуваат да направат нешто да му се спротистават на сајбер криминалот. Но, на различни начини и со различен успех, смета европската комесарка и додава дека отсега борбата против криминалот на интернет мора да биде заедничка.

„Поради тоа Комисијата предлага создавање на центар за борба против интернет криминалците. Тоа треба да биде центар на ЕУ за борба против сајбер криминалот кој би им помогнал на државните членки.“

Европскиот центар за борба против криминалот на интернет би требало да ги одбие сите хакерски напади на инфраструктурата на ЕУ и информациските системи, како и да спречи ширење на детската порнографија. Центарот би требало да биде споен со Еуропол (европските полициски сили) и почетокот на 2013. година да започне со работа. Во работата вкупно би учествувале 55 членови на Комисијата, земјите членки и Еуропол. Седиштето би било во Хаг, а вкупниот буџет би изнесувал 3,6 милиони евра. Се‘ е тоа под предпоставка дека Еуропол ќе се согласи. Но, тешко е да се замисли Еурополовото „не“.