1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ ги забранува шишенцата со наливно маслиново масло

АТ/ афп/ дпа/ ЗЦ17 мај 2013

На масите во рестораните во ЕУ наскоро нема да смее да има шишенца со наливно маслиново масло. Со ова би требало да се заштитат потрошувачите од небрендирани производи.

https://p.dw.com/p/18a4F
Фотографија: picture-alliance/chromorange

Весникот „Зидојче цајтунг“ за новите европски прописи за користењето на маслиново масло на пазарот пишува дека е „можеби најстрогата одлука по легендарната одредба за степенот на закривеност на краставиците“.

Портпарол на Комисијата на ЕУ во Брисел ја потврди новата одредба, според која гастрономските објекти од 1. јануари 2014 година ќе смеат да нудат само брендирани шишиња со маслиново масло, кои се затворени и неможат да се дополнуваат. Забраната за шишенца е во корист на заштита на потрошувачите: на овој начин треба да се осигура дека посетителите на рестораните нема да добијат маслиново масло со послаб квалитет, изјави портпарол на Комисијата укажувајќи на хигиенските проблеми.

Сега се наметнува прашањето зошто не се регулира и употребата на шишенцата со оцет, со сос Табаско, соларникот или употребата на бибер, кои исто толку често се наоѓаат на масите во рестораните. Истото важи и за сенфот или за сервирањето на домашно вино. Хигиенските услови и за користењето на овие производи се слични како и кај маслиновото масло.

Olivenöl Restaurant
Наливното маслиново масло наскоро ќе биде минато во ЕУФотографија: picture-alliance/chromorange

Новата регулација е дел од еден акционен план на ЕУ за да се поттикне имиџот на европското маслиново масло кај потрошувачите - ЕУ е најголемиот производител, консумент и извозник на маслиново масло во светот. Оттука на шишињата со маслиново масло потеклото и видот на производот ќе мора да бидат подобро и почитливо означени.

Критика од Германија

Одредбата оваа недела мина на експертска комисија на земјите членки на ЕУ. Мнозинството од нив се изјаснија за оваа одредба. Комисијата доби зелено светло да ги спроведе своите планови. Германија ги одби новите правила за користење на маслиново масло како и обврзувачкото користење на флаширано масло во рестораните. Портпарол на германското министерство за заштита на потрошувачите изјави. „Постои стравување дека примената на овие прописи ќе доведе до зголемување на отпадот со прехранбени производи“. ЕУ имено си постави за цел до 2020 на половина да го редуцира отпадот од употребливи прехранбени производи.