ЕУ го активираше механизмот за помош на Македонија

Тим од технички експерти денеска ќе пристигне во земјата за да ги процени штетите и да им изготви препораки на националните и локалните власти. Сочуство за жртвите од САД и Германија.

ЕУ го активираше механизмот за цивилна заштита за да и помогне на Македонија да се справи со последиците од катастрофалните поплави. Одлуката била донесена на барање на македонските власти, се наведува во соопштението на Европската комисија.

Тим од технички експерти денеска ќе пристигне во земјата за да ги процени штетите и да им изготви препораки на националните и локалните власти.
„ЕУ е подготвена да и помогне на пјр Македонија. Во контакт сме со државните власти во Скопје и со други земји кои учествуваат во Механизмот за да се искоординира брз одговор на барањето. Испратен е хуманитарен експерт, а ќе биде испратен и тим за цивилна заштита“, соопшти комесарот за хуманитарна помош и кризен менаџмент, Христот Стилјанидес (на насловната фотографија).

Американскиот Стејт департмент изрази сочуство до семејства на жртвите и настраданите во поплавите.

Now live
00:23 минути
Теми | 09.08.2016

Сочуство од Стејт департментот за настраданите во поплавите


„Сочуствуваме со македонските граѓани додека ги оплакуваат загинатите, им пружаат помош на повредените и ги санираат големите штети“, изјави портпаролката на Стејт департментот, Елизабет Трудо.

Германската амбасада во Скопје изрази длабока жалост за жртвите од невремето.

„Нашите мисли и нашето сочувство се со жртвите, повредените и нивните семејства“, сооошти амбасадата.

Следете нѐ