1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ го испраќа Солана на Косово

23 март 2004
https://p.dw.com/p/AcOj
Хавиер Солана
Хавиер СоланаФотографија: AP

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Хавиер Солана, утре треба да води разговори во Приштина. Тој е ополномоштен од министрите за надворешни работи на ЕУ да ги утврди на лице место сите факти за тамошните случувања и за тоа да го извести Советот на министри на ЕУ. Шефовите на дипломатии вчера во Брисел, усвоија заклучоци во кои се бара итен прекин на насилството на Косово. Тие остро го осудија насилството од етнички побуди, губењето човечки животи и уништувањето на имотот од верското и културно наследство, кое е заедничко добро на сите Европејци. На прес конференцијата по завршувањето на заседанието на министрите за надворешни работи, Солана изјави дека веќе не е сигурен оти стандардите на Косово до половина од наредната година ќе го достигнат она ниво, за да може да се почне со разгледување на идниот статус на покраината.