1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ-дебата во германскиот Бундестаг

16 јуни 2005

Вечер во Брисел започнува самитот на Европската унија на чиј дневен ред не е само кризата во која се најде Европа по неуспешните референдуми за уставот во Франција и Холандија, туку и буџетот на Унијата за периодот 2007 – 2013 година. Само неколку часа пред почетокот на самитот, актуелните европски турбуленции беа тема и на дебата во германскиот Бундестаг. За првпат во една парламентарна дебата Ангела Меркел з

https://p.dw.com/p/AcEj
Канцеларот Шредер ги обајснува ставовите со кои заминува на самитот на ЕУ во Брисел
Канцеларот Шредер ги обајснува ставовите со кои заминува на самитот на ЕУ во БриселФотографија: AP

боруваше како кандидатка за канцелар на партиите на Унијата. Притоа, беше покритична кон ЕУ отколку канцеларот Герхард Шредер.

Европската унија е во криза по неуспешните референдуми во Франција и Холандија, изјави кацеларот Шредер. И покрај тоа, процесот на ратификација мора да продолжи во одделните земји-членки:

„10 држави го ратификуваа, меѓу нив и ние. Други најавија ратификација. Оние од Европскиот парламент што доаѓаат со изјави дека уставот е мртов или нешто слично, мислам дека е сосема погрешно и го дискредитираат и нашето однесување„.

Шредер предложи во почетокот на идната година Европскиот совет да повлече биланс. И покрај тешкотиите проширувањето на Унијата мора да продолжи, зашто враќањето кон старите национализми не е никаква алтернатива. Романија и Бугарија треба да бидат примени, како и да започнат преговорите со Турција, побара сојузниот канцелар:

„Ги предупредувам оние кои сега сметаат дека дадените ветувања, ако не можат да се избришат, барем да се одложат. Јас предупредувам„.

Ангела Меркел, кандидатка за канцелар на партиите на Унијата, напротив предупреди пред неограниченото проширување на ЕУ. Нејзината партија има намера на Турција да и понуди таканаречено „привилегирано партнерство„ но никако и членство. Според Меркел, одбивањето на уставот во Франција и Холандија покажува дека Брисел не ги зема серизоно страхувањата на граѓаните:

„Како прво велам: стоп за внатрешното ширење на Европа. Европа од многумина ќе биде прифатена како бирократско тело што не можат да го разберат и во кое нема да видат дека Европа се грижи само за она што е европска работа„.

Пред самитот мора да се упати решителен сигнал дека не може натаму како досега, зашто тоа ќе ја уништи Европа, рече Меркел.

Уништувачки потенцијал се разви и од спорот околу европските финансии со што се согласува и канцеларот Шредер. Тој изјави дека Германија не може да си дозволи поголемо зголемување на сегашното учество, но е подготвена за компромис. Тоа го очекува и од Велика Британија, зашто за рабатот што од Брисел го добиваат Британците повеќе од 20 години веќе нема никакво оправдување. Шредер ги ублажи очекувањата дека на самитот на ЕУ би можело да биде најдена согласност за ова спорно прашање.