1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ дипломатски: “Договор за името треба да постигнат Скопје и Атина“

Ален Леговиќ13 октомври 2005

Европската Комисија ќе презентира мислење за Македонија на 9 ноември кое ќе биде објективна слика за достигнувањата на земјата, а ќе укаже и на недостатоците со кои треба да се справат македонските власти, му беше порачано во Брисел на макеоднскиот премиер, Владо Бучковски

https://p.dw.com/p/AcC4
Бучковски во Брисел
Бучковски во БриселФотографија: dpa

„Прашањето за името е билатерално прашање и не вреувам дека европскиот придонес би бил продуктивен во овој процес . Поважно е обете земји во близок контакт и дијалог да бараат решение , користејќи се до добрите услуги на ОН“ – порача Еврокомесарот за проширување Оли Рен , еден од вчерашните домаќини на македонскиот премиер Владо Бучковски во Брисел.

Тој на заедничката прес- конференција беше многу порасположен да зборува за процесот на потготовка на мислењето на Европската Комисија околу македонската апликација за членство во Унијата.

„Комисијата ќе се држи до ветувањето и ќе го претстави своето мислење за барањето за членство на 9 ноември . Тоа ќе биде објективна и реалистична проценка на достигнувањата на земјата , а исто така и ќе укажеме на некои недостатоци. Веројатно е и очекувам дека Европскиот Совет за македонската апликација ќе донесе одлука на декемврискиот самит“ – истакна Рен , а во таа насока одат и надежите на македонскиот премиер, нормално откако претходно Македонија ќе добие позитивна оценка од Европската Комисија .

Бучковски со Рен но и со вториот негов домаќин од највисоките редови на европската администрација , Хавиер Солана разговарал и поконкретно за реформите што Македонија ги спроведува во моментов и кон оние кои треба да го насочи своето внимание во иднина :

„Го охрабрив македонскиот премиер и неговата влада да истрајат на курсот за процесот на спроведување на реформите . Многу е важно да се работи на реформа на правосудството и зајакнувањето на административните акапацитети на државата“

Инаку на средбата со координаторот на надворешната и безбедносната политика на ЕУ , Солана , Бучковски изразил благодарност за мисијата Проксима , чииј мандат наскоро истекува .

Покрај средбите во ЕУ , Бучковски вчера во Брисел оствари средби и со генералниот секратар на НАТО Јаап Де Хоп Шефер и со амбасадорите на земјите членки на Алијансата.

Средбите кои се случуваат во момент кога е јасно дека Македонија ќе мора да сочека за посакуваното членство во НАТО најмалку до 2008-ма година, биле охрабрувачки , оцени Бучковски за ДВ.