1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ загрижена од ситуацијата во Украина

26 мај 2007
https://p.dw.com/p/AnvB

Германското претседателство со ЕУ соопшти дека “со голема загриженост го следи најновиот развој на настаните во Украина и апелира до сите политички одговорни луѓе во земјата да се дистанцираат од мерките кои може да доведат до натамошна ескалација.” Претседателството на ЕУ ги повика украинскиот претседател Јушченко и премиерот Јанукович да се заложат за решение на политичката криза. Во Украина денеска треба да продолжат преговорите за надминување на политичката криза во земјата, откако синоќешните разговори меѓу Јушченко и Јануковиќ не дадоа резултат. До најновото заострување на ионака длабоката политичка криза дојде откако претседателот реши да го смени јавниот обвинител и специјалната полициска единица со декрет да ја стави под своја контрола. Јануковиќ го одби декретот како неважечки.