1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ Иран

30 март 2007
https://p.dw.com/p/AgIf

ЕУ ја поддржа Велика Британија во напорите за ослободување на 15 војници кои веќе една недела се заробени во Иран. Високиот преставник на Унијата Хавиер Солана изјави дека Техеран направил сериозна грешка и побара итно ослободување на војниците. Во меѓувреме иранската телевизија објави нова видео снимка на која уште еден од војниците изјавува дека се виновни. Претходно тоа го изјави и единствената жена меѓу заробените маринци. Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад ги засили барањата за извинување од страна на британските власти. Советот за безбедност синоќа искажа сериозна загриженост и побара брзо решение на кризата.