1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ и Африка дебатираат за ново партнерство

9 декември 2007

Критика за состојбата со човековите права во Африка му дадоа белег на првиот ден на самитот ЕУ – Африка. Се дебатираше и за доселувањето, безебдноста и климата. Денеска треба да се усвои нова стратегија за партнетерство.

https://p.dw.com/p/CZKC
Меркел и Мбеки во ЛисабонФотографија: AP

Речиси 50 години по крајот на колонијалното време Европската унија и Африка на самитот во Лисабон водеа жестоки дебати околу човековите права. Пред се’ жестоката критика на германската канцеларка Ангела Меркел за непочитување на човековите права во Зимбабве предизвика различни реакции меѓу учесниците на самитот.

Имено во името на Европската унија Меркел ги критикуваше повредата на човековите права и катастрофаланата економска политика на Зимбабве „Ги поздравуваме напорите на Јужна Африка и Африканската унија да се постигне напредок во Зимбабве. Но велам времето притиска. Луѓето навистина лошо живеат таму.“ рече Меркел која се заложи за подобро водство од страна на владите во Африка, истакнувајќи дека нема европски или африкански човекови права туку дека тие се универзално важечки

Критика за Меркел

Јужноафриканскиот претседал Табо Мбеки и префрли на Меркел дека нејзините погледи не соодветствуваат со реалната ситуација во некогашната британска колонија. За што зборувате? Работите се во развој, рекол Мбеки според дипломатски извори.

За човековите права но и за долго очекуваното ново партнерство меѓу двата континента на отварањето на самитот зборуваше и домаќинот португалскиот претседавач со ЕУ Хозе Сократес „Оваа нова стратегија од нас бара политички дијалог кој ќе се води отворено и со одредена зрелост, притоа нема да има табуа ниту забранети теми.“

Невладитините организации критикуваат

Што се однесува до трговските односи, преговорите се одвиваат споро. Европската унија пред почетокот на конференцијата не можеше да убеди многу африкански земји да ги потпишат наследниците на договорите кои истекуваат со крајот на годината. Африка нема повеќе да биде само извозник на сировини и да ја игра улогата на пазар каде се врши само увоз, рече претседателот на комисијата на Африканската унија Алфа Омар Конаре.

EU-Afrika Gipfel in Lissabon, Portugal Protestaktion
Протестна акција во ЛисабонФотографија: AP

Денеска делагациите од Европа и Африка треба да усвојат акциони планови за спроведување на новото партнерство. За три години на нов самит ќе се провери постигнатото.

На маргините на самитот невладини организации и групите кои се залагаат за човековите права оддржаа демонстрации и укажаа дека хуманитарната криза во Дарфур во Судан или во Сомалија е најмлаку толку драматична колку во Зимбабве.