1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ и САД се договорија за размена на податоци

28 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/B47k

ЕУ и САД постигнаа согласност околу размената на податоците за патниците во трансатлантските авио летови. Договорот бил постигнат на видео конференција меѓу еврокомесарот за правда Франко Фратини, германскиот министер за внатрешни работи Волфганг Шојбле и американскиот колега Мајкл Чертоф. Засега не се откриваат детали од договорот кој треба формално да биде одобрен од страна на 27 земји членки на ЕУ.