1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ – министри за надворешни работи

23 април 2007
https://p.dw.com/p/AgBb

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска во Луксембург ќе разговараат за заострување на санкциите против Иран. Според изјави на дипломати, Советот на министри со кој ќе раководи германскиот министер, Франк Валтер Штајнмаер, ќе го замрзне имотот на уште 20 лица од Иран кои се одговорни за нуклеарната програма на земјата. Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Хавиер Солана, во среда треба да има средба со иранскиот преговарач во атомскиот спор, Али Лариџани.