1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ: Николиќ добро знае дека не се бара признавање на Косово

ЕМФ/бета9 јуни 2012

Дипломатски извори за Бета изјавија дека новиот српски претседател добро знае дека ЕУ од Србија не бара признавање на Косово за да напредува кон ЕУ, зашто ниту пет други членки на ЕУ не ја признаваат власта во Приштина.

https://p.dw.com/p/15BJs
Фотографија: picture-alliance/dpa

Српскиот претседател Томислав Николиќ знае каков е ставот на Унијата, исто како што властите во Србија и јавноста тоа и досега го знаеја, велат извори во ЕУ за агенцијата Бета по повод вчерашната (08.06) изјава на Николиќ дека во Брисел ќе оди да дознае дали ЕУ инсистира на тоа Србија да ја прифати независноста на Косово и Метохија.

Прашањето на „средување на односите“ со Приштина, како што се вели во Брисел, ќе се решава постепено до самото очекувано влегување на Србија во ЕУ и никој сега не знае како тоа ќе биде решено, иако ставот на мнозинството членки на ЕУ е да не се дозволи Србија со „нерешено територијално прашање“, како што беше случај со Кипар, да стане членка на Унијата.

Во официјалната реакција на изјавите на Николиќ, портпаролот на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ, за Бета изјави дека условите за приклучување на Србија во ЕУ се утврдени од страна на Европскиот совет во декември 2011. година.