1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ – САД – самит

30 април 2007
https://p.dw.com/p/Ag8x

Надградувањето на економските односи и заштитата на климата се во фокусот на самитот на ЕУ и САД што се одржува денеска во Вашингтон. Од европска страна, на самитот со американскиот претседател, Џорџ Буш, учествуваат германската канцеларка, Ангела Меркел, како претседавач со ЕУ и претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо. На врвот на дневниот ред на самитот е потпишувањето нов договор за партнерство, со кој економските односи меѓу двете страни треба да се постават на нова основа.