ЕУ со намален кредитен рејтинг
20 декември 2013Стандард и Пурс го намали долгорочниот рејтинг на ЕУ од најдобрата оценка „ААА“ за еден степен „АА+“. Агенцијата со ова ја изразува својата проценка, дека способноста на ЕУ да ги отплати своите долгови малку се влошила. Колку е полош рејтингот, толку се повисоки каматите, кои треба да се платат за еден кредит.
„Според нашето мислење кредитната способност на сега 28 земји членки на ЕУ вкупно е намалена“, соопшти Стандард и Пурс. Во изминатите месеци оваа агенција веќе го намали бонитетот на Франција, Италија, Шпанија, Малта, Словенија, Кипар и Холандија.
Скратен ЕУ буџет
Како причина за влошување на оцената агенцијата ги наведува преговорите околку буџетот на ЕУ. Тие покажале ризик, дека ЕУ во некои земји членки би можело да загуби поддршка.
Буџетот на ЕУ за периодот 2014-2020 е понизок во споредба со претходниот седумгодишен период. Кратењето беше пред сѐ поради притисокот од Велика Британија, третата по големина економија во ЕУ.
Рејтингот се однесува само на Европската унија како супранационална институција. Во вакво својство таа на пазарите за капитал позајмува пари. Потоа таа ги пренасочува кон земјите членки, на пример преку Европскиот механизам за финансиско стабилизирање, и поединечно исто така на трети држави вон ЕУ.
Тековните кредити на ЕУ во моментов изнесуваат 56 милијарди евра. Околу 80 проценти од средствата беа кретити за помош за Ирска и Португалија во рамките на Европскиот механизам за финансиско стабилизирање.
Другите спасувачки чадори за земјтие на ЕУ со финансиски проблеми се финансираат на пример преку гаранции од другите членки, а не од кредити на ЕУ. Парите за помош за овие фондови не се погодени од намалувањето на рејтингот за ЕУ.
Исто така и за дискусијата за заедничко задолжување на евро-земјите преку т.н. евро-бонови, одлуката на Стандард и Пурс нема значење. Досега земјите членки на ЕУ немаат заеднички заеми. Германската канцеларка Ангела Меркел постојано го одбиваше овој инструмент.