1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ -Турција

28 март 2007
https://p.dw.com/p/AgJS

ЕУ донесе одлука да отвори ново поглавје во преговорите за членство со Турција, кои се замрзнати од Јуни минатата година. Дипломати во Брисел изјавија дека ЕУ амбасадорите се согласиле уште утре да започнат преговори за една од 35 точки, која се однесува на претприемништвото и индустриската политика. ЕУ замрзна осум поглавја од преговорите за членство со Турција, бидејќи властите во Анкара одбиваат целосно да го спроведат царинскиот договор со Кипар.