1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ-Турција

23 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BLF0

Брисел ја повика новата влада на Турција под водство на премиерот Реџеп Таип Ердоан да опстои во политичките и економски реформи, како единствен пат за влез во ЕУ. Еврокомесарот за проширување Оли Рен ја повика Анкара да го реши трговскиот спор со Кипар, кој ги блокира преговорите. По јасната победа на неговата исламско-конзервативна партија на изборите, Реџеп Таип Ердоан изјави дека ќе опстои на неговиот реформски курс. Партијата на правда и развој освои 47 насто од гласовите со што во идниот парламентарен состав ќе има 430 од вкупно 550 пратенички места. Левичарската „Републиканската народна партија“ на опозицискиот лидер Денис Бајкал освои околу 21 процент.