1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ – Украина

17 април 2007
https://p.dw.com/p/AgD1

Украинскиот претседател Виктор Јушченко денеска во Брисел вети дека ќе се најде мирно решение за политичката криза во неговата татковина. На средбата со шефот на Европската Комисија Жозе Мануел Барозо тој нагласи дека за окончување на кризата се неопходни нови парламентарни избори. Јушченко исто вети дека сите страни во спорот ќе ја прифатат одлуката на Уставниот суд, кој денеска расправа за решението на Претседателот да го распушти парламентот. Домаќинот Барозо побара да се најде решение во склад со демократските принципи и правната држава. Во една демократска држава нема проблеми што не можат да се надминат со политичко решение – нагласи Барозо. Тој призна дека кризата е сериозна и дека ЕУ е многу заинтересирана за зачувување на стабилноста и демократијата во Украина.