1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ – фондови

22 април 2007
https://p.dw.com/p/AgBv

Германската влада има намера во иднина да ги направи т.н. Хеџ-фондови потранспарентни, преку обврзувачки кодекс на однесување. На тој начин би требало да се намали ризикот за финансиските пазари. За ваквите намери, германскиот министер за финансии, Пеер Штајнбрук доби поддршка и од неговите колеги од другите земји на ЕУ на средбата одржана во Берлин. Според Штајнбрук, ќе се оди на варијанта на самообврзување на Хеџ-фондовите, кое потоа ќе биде набљудувано од страна на властите. ЕУ има намера за оваа тема да разговара и со САД на средбата на министрите на групата седум во мај, со оглед на тоа што Американците се многу воздржани во однос на контролата на Хеџ-фондовите.