1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

ЕУ: Што носат санкциите против Турција?

Панајотис Купаранис
11 декември 2020

Лидерите на ЕУ одлучија да воведат нови санкции против Анкара поради недозволените турски истражувања за природен гас кај Кипар. Дали Турција ќе го промени однесувањето, со оглед дека санкциите се поблаги од очекуваното?

https://p.dw.com/p/3mZLo
Türkei Antalya Ölbohrschiff Oruc Reis
Фотографија: Orhan Cicek/AA/picture-alliance

Во спорот со партнерот во НАТО, Турција околу контроверзното истражување на природен гас во Медитеранот, ЕУ засега не посегнува од поостри економски санкции. 27-те шефови на држави или на влади на ЕУ на самитот на ЕУ во Брисел рано утрината одлучија да воведат дополнителни санкции за турски граѓани вклучени во планирањето и извршувањето на контроверзните истражувања на природен гас.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, пак, доби задача, до март да претстави извештај и опции за акција, вклучително и натамошни санкции. Причината за ова е дека ЕУ најнапред сака да се координира со новата американска администрација на новоизбраниот претседател Џо Бајден, кој ќе ја преземе должноста во јануари. Но, прашање е дали Турција воопшто ќе го промени однесувањето, со оглед дека санкциите се поблаги од очекуваното? На оваа тема разговараме со германскиот експерт за Турција Гинтер Зојферт.

ДВ: Лидерите на ЕУ, впрочем како уште во понеделникот министрите за надворешни работи на Унијата, во образложението на одлуката за нови санкции оценија дека однесувањето на Турција во основа не е променето.

Гинтер Зојферт: Така е. Турција не ги исполни условите кои ЕУ на својот Самит на 1 октомври ги формулираше како почеток на позитивна агенда. Анкара повторно ја повреди Ексклузивната економска зона (ЕЕЗ) на Република Кипар и, исто така, создаде нови спорни точки. Така, Турција одеднаш грчко-кипарското крајбрежно место Вароша, на Кипар, го прогласи за дел од „Турската Република Северен Кипар“, која таа ја признава. Турската влада, освен тоа, се прости од решението на кипарскиот проблем во вид на основање заедничка држава и сега се залага за признавање на „Турска Република Северен Кипар“. Со тоа Анкара ја ескалираше состојбата на истокот во Средоземјето.

Deutschland Türkei- und Islam-Experte Günter Seufert in Berlin
Гинтер ЗојфертФотографија: picture-alliance/dpa/SWP

Освен тоа, Турција го активираше рускиот одбранбен систем С-400 , што воопшто не е во интерес на Унијата. И во спорот со францускиот претседател Емануел Макрон, таа на крајот ги обвини сите европски земји кои имаат муслимански имигранти за исламофобија и расистички третман кон муслиманите. 

Можат ли санкциите да доведат до тоа турската влада да го промени своето надворешнополитичко однесување?

Секако, одлучното делување на ЕУ би можело да ја ублажи турската политика. Турција е свесна колку е зависна од ЕУ. Но, таа се надева на европско неединство.

Повеќе:

-Судирот помеѓу Грција и Турција не е нерешлив

-ЕУ подготвува санкции против Турција поради спорот во Средоземно Море

-И Грција и Турција ќе мора да попуштат во Медитеранот

Имаат ли одговорност Атина и Никозија за ескалирање на односите со Турција?

Атина на почетокот многу профитираше од тоа што ЕУ во своите соопштенија изрази целосна солидарност со Грција и со Кипар. Со тоа ЕУ имлицитно ја поддржа грчката страна дека островот, исто така, може да етаблира сопствена ЕЕЗ, како и брегот на копнениот дел. Кога ескалираше конфликтот, Грција сепак многу рано прогласи подготвеност да преговара за морската граница и на крајот да ја признае пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Спротивно на тоа, Турција постојано исфрлаше нови теми: статусот на грчките острови во Егејското море и милитаризација на тие острови - иако тоа е случај веќе со децении - како и статусот на островите во Егејското море. Со тоа Анкара го заврза Гордиевиот јазол, чие решение е речиси невозможно. Република Кипар и' понуди на Турција индиректни или неофицијални одговори, а Турција тоа не го прифати. Секако, Атина и Никозија имаат максимални барања, но се подготвени за деескалација.

Videokonferenz zwischen Merkel, Erdogan und Charles Michel
Фотографија: EU Council/AA/picture-alliance

Анкара сака да се етаблира како регионална сила Грција и Кипар сѐ уште не пронајдоа огромни наоѓалишта на нафта и на гас. Експертите се сомневаат дали воопшто се исплаќа финансиски да се црпат постоечките залихи во ЕЕЗ и да се извезуваат во Европа. Зошто Турција и натаму ризикува влошување на своите односи со ЕУ со испраќање свои истражувачки бродови во ЕЕЗ на двете земји членки на ЕУ?

Всушност, стручњаците се сомневаат дека постојат големи залихи во поморските зони кои се контроверзни меѓу Турција и Грција и Кипар. Зоните кои многу повеќе ветуваат се оние на кои право полагаат Израел и Египет, а кои не се спорни. Поради тоа, изгледа оти турската побарувачка за енергија не е одлучувачки фактор за агресивното однесување на Анкара во источниот Медитеран. Повеќе станува збор за тоа Турција да се етаблира како идна регионална сила која во сопствена полза ќе ги контролира трговските текови, енергетиските и миграциските во источен Медитеран. Анкара така сака за себе да обезбеди и пристап до пазарите на северот и остатокот од Африка, каде гледа конкуренција со европските сили, посебно со Франција.

Гинтер Зојферт е шеф на Центарот за применети турски студии при Фондацијата наука и политика во Берлин.Работел како дописник од Турција за разни германски весници и е предавач на Универзитетите во Истанбул, Никозија и во Лозана.