1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ ја критикува Турција

Исмет Кочан5 октомври 2006

Да се биде дел од ЕУ е многу посакувана работа и на Балканот и во Турција. Оваа земја иако пред една година ги започна преговорите за членство во Унијата, засега добива само критики од Брисел.

https://p.dw.com/p/Ac2j
ЕУ и Турција
ЕУ и ТурцијаФотографија: AP

Во последната година реформите во Турција се забавени и на замјата и претстои тежок пат да го поправи впечатокот, пред донесувањето на стратешкиот документ што ќе се најде пред Советот на Европа кон крајот на годинава. Оваа порака сред Анкара на турските домаќини им ја пренесе Европкомесарот задолжен за проширување на ЕУ Оли Рен, токму на првата годишнина од одлуката за започнување на преговори за полноправно членство со Турција.

Пристап во ЕУ ако се почитува правото на слободно изразување

На разговорите со премиерот Реџеп Таип Ердоан и шефот на турската диплоамтија Абдула Ѓул, Оли Рен потсети дека не е можно членство во Европската унија без почитување на правото на слободно мислење и укинување или измена на членот 301 од турскиот кривичен законик, кој го санкционира вербалниот деликт, а врз чија основа во Турција во полследно време им беше судено на неколку познати писатели и интелекртуалци, што наиде на негативни реакции во Брисел.

ЕУ очекува Турција да ги отвори пристаништата и аеродромите за Кипар

Повторувајќи им ги на турските претставници домашните задачи што произлегуваат од усвоениот извештј за напредокот на Турција во процесот на приближување кон ЕУ, Оли Рен без многу дипломатски ракавици, предупреди дека ЕУ очекува од Турција да ги отвори нејзините пристаништа и аеродроми за кипарските бродови и авиони и да преземе конкретни чекори за решавање на кипарското прашање. Тој нагласи дека формулата што ја има развиено Финска како претседавач со Унијата би можела да биде последниот прозорец и шанса за решавање на проблемот.

Турска реакција на европските барања

Ваквиот настап на Оли Рен наиде на реакција кај шефот на турската дипломатија Абдула Ѓул. Објективно не е можно идејата на Финска да го промени турскиот страв кон кипарското прашање, изјави на заедничката прес конференција Ѓул. Тој притоа напомена дека не е можно да има исполнување на очекувања од Турција во услови на обесправеност и нееднаквост на турската заедница на островот.