1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ ја објави црната листа

10 февруари 2004
https://p.dw.com/p/AcQ2
Советот на ЕУ денеска постигна согласност за листата на лица на кои поради нивната активност насочена против имплементацијата на Охридскиот договор им се забранува влез на територијата на земјите членки на ЕУ и во десетте земји кои ќе и' се приклучат. Објаснувајќи ги причините за ставањето на листата на вкупно 12 лица, официјалните претставници на Советиот нагласуваат дека не се раководеле според етнички критериуми и укажуваат на фактот дека на листата има и Македонци и Албанци. Основен критериум за некој да се стави на листата била неговата активност, која на кој било начин го спречува целосното спроведување на Охридскиот договор, вели официјален претставник на Советот на министри. Официјалната одлука нагласува дека на листата се ставени оние кои активно ги промовираат или учествуваат во насилнички акции и на тој начин го загрозуваат Охридскиот договор, а со него и стабилноста , територијалниот интегритет, како и мултиетничкиот карактер на македонската држава. На листата поименично се наоѓаат: Гафур Адили, Хамди Бајрами , Спиро Бутка, Горан Георгиевски, Џемаил Хусеини, Авдил Јакупи, Даут Реџепи, Саид Рушити, Изаир Самиу, Горан Стојков, Фадил Сулејмани и Ѓинер Сулејмани. Најавено е дека членките на унијата ќе преземат соодветни мерки за забрана за влез или транзит на лицата од листата. Освен тоа се нагласува дека преземните мерки не треба да се посматраат во светло на ограничување на човековите слободи и право на мислење. Треба да се земе предвид и нашата поддршка кон стабилизацијата и нормализацијата на приликите во Македонија, вели извор од Советот на министри. Мерките на забрана за влез на територија на земјите од ЕУ и земјите кандидати, стапуваат во сила веднаш, а ќе траат во наредната година. Со ветеното редовно следење на приликите и имплементацијата на Охридскиот договоер. Тоа, според толкувањето на претставникот на Советот на министрите, подразбира можност за скратување или пак проширување на црната листа.