1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ ќе ја засили борбата против интернет-екстремизмот

2 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BlrH

Европската унија има намера да ја засили борбата против злоупотребата на интернетот од страна на екстремистите. Министрите за внатрешни работи и за правда на земјите членки на унијата постигнаа согласност за засилување на борбата против злоупотреба на интернет, но сеуште нема согласност околу тоа дали интернет страниците со екстремистичка содржина треба да бидат блокирани и како тоа да се прави. Германскиот министер за внатрешни работи, Волфганг Шојбле, изјави дека меѓународниот тероризам се организира се‘ повеќе преку интернет и дека за тоа мора да се најде решение. Министерот за внатрешни работи на Луксембург, Лук Фриден, наспроти тоа смета дека интернет страниците не можат да се исклучуваат така едноставно зашто слободата не може да се ограничува. Според Фриден, поефективно е ако ваквите страници се следат за да им се стапне на трагата на екстремистите.