1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕЦБ е подготвена да купува нови обврзници

АТ/ дапд/ дпа/ ртр2 август 2012

Европската централна банка ја задржа опцијата за купување на државни обврзници од земјите во криза, но истовремено ги намали очекувањата дека би можела да делува во догледно време.

https://p.dw.com/p/15iek
Фотографија: Reuters

Во борбата против европската должничка криза Европската централна банка најави дека постои можност повторно да купува државни обврзници. Централната банка би можела во одредена мерка да биде активна на пазарот, изјави претседателот на Европската централна банка Марио Драги во Франкфурт, по седницата на Советот на Централната банка. „Еврото е неповратно“, подвлече Драги. Услов за тоа меѓутоа е да постои барање за помош од европските спасувачки фондови ЕСМ или ЕФСФ, како и придржување до строгите обврски. Европската централна банка ги намали високите очекувања на земјите на еврото, кои се во криза.

„Вонредно високите ризични премии“ за државните обврзници на повеќе земји на еврото го попречуваат спроведување на монетарната политика на ЕЦБ. Затоа се размислува за натамошни неконвенционални мерки. Прецизен план меѓутоа допрва би морал да биде изработен. Освен ова, Европската централна банка би можела да делува само имајќи ја предвид ценовната стабилност, изјави Драги. На секундарниот пазар би било можно и купување на државни обврзниици, а тоа значи не директно од земјите кои ги издаваат. Европските партнери би требало да бидат подговтени да ги активираат спасувачките чадори за купување на државни обврзници, доколку биде загрозена финансиската стабилност или ако на пазарите владеат вонредни околности.

Европската централна банка денеска објави дека основната каматна стапка останува на историски ниското ниво од 0,75 проценти.

Берзите реагираа со пад на курсевите. Германскиот берзански индекс ДАХ во првичната реакција падна за два процента. Во Мадрид, шпанскиот берзански индекс за неколку минути забележа пад од пет проценти. Исто така и на Вол Стирт во Њујорк, берзата  беше отворена со минус.